Cocтojбaтa сo пoжapитe вo Гpциja aлapмaнтнa: Пpeдyпpeдyвaњe дo гpaѓaнитe зa eкcтpeмнa oпacност oд пoжapи вo облacтитe Атика и Евија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителите на областа Атика, поширокиот регион Атина и на островот Евија добија порака од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција со предупредување за екстремна опасност од пожари во текот на утрешниот ден, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку пораката, се бара од граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат активности што може да предизвикаат пожар и веднаш да ја известат противпожарната служба, доколку забележат чад или жариште.

-Екстремна опасност од пожари, утре 22 август 2021 година во Атика и Евија. Избегнуваме било каква активност што може да предизвика пожар. Забранет е пристапот во шуми и шумски области. Избегнуваме непотребни движења. Во случај да забележиме чад или пожар веднаш ја известуваме противпожарната служба на 119 или 112 и остануваме внимателни, пишуваше во пораката испратена денеска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This