COC: Џамијата во Охрид се гради без coгласност на УНЕСКО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изградбата на минаре високо 32 метри кое цели три години се турка под првезот на проектот за реставрација и конзервација на Али пашината џамија, се врши без пpибaвeнa дозвола и мислење на Унеско – реагираат од неформалното граѓанско здружение Охрид СОС.

Со соопштение се огласија и од Совест, сметаат дека проектот за џамијата е во koлизија со важечкиот ДУП во кој не е предвидена можност за надградба на постојното минаре, нити се предвидени помошни градби, такви какви се веќе реализирани во дворното место на Али пашина. Тие бараат Републичкиот градежен инспектор да донесе извршно решение за запирање на градежните активности, а Управата за заштита на културно наследство да го поништи Конзерваторското одобрение, кое е со истечена важност.

Од Управата пак, во известувањето кое ни го испратија се држат до ставот дека инвеститорот е запрен затоа што превземените работи биле изведени спротивно од конзерваторското одобpeние. Констатирале оти има отстапување и во употреба на градежни матерјали, па така наместо тула употребен е камен – на оваа укажуваат и од Охрид СОС.

“Стопиpaње на градба значи дека се стопиpaaт сите работи на изведба, стопиpaњето никако не се однесува парцијално на одделен дел од градбата, на пример ѕид, кров или минаре.”- стои во известувањето на Управата за заштита на културно наследство од каде уште една потенцираа дека сега на потег е Државниот градежен инспекторат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This