April 19, 2024, 10:24 am

Cpпckи kpиминaлeц пocpeдниk при набавка на вakцини во Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со посредство на лице кое во Србија има проблеми со органите на прогонот, Македонија заедно со БиХ и Бугарија ќе набавува руски вакцини, пренесува „Ал Џазеира“.

Никола Лакушиќ, српски државјанин со швајцарско државјанство е човекот кој тврди дека склучил договор за посредство при набавк на Руски вакцини „Спутник В“ за Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија но и Алжир, пренесува „Ал Џазеира“.

Според медиумот, се работи за човек кој во Србија има отворено кривичен прогон против него поради криминални активности, а отворено му е и криминално досие во српското МВР.

„Ал Џазеира“ пренесува и дека Лакушиќ гарантира за набавка на руските вакцини како посредник помеѓу владите од регионов, и фирмата „Свис Алајанс Трејд“ која пак во трговскиот регистар во Швајцарија не постои, што дополнително ги зголемиува сомнежите дека се работи за измама, иако од Владата на БиХ тврдат дека Лакушиќ е единствениот кој во овој момент може да гарантира количина на вакцини бидејќи е овластен од Рускиот фонд за вакцини.

Лакушиќ првата транша од 100.000 вакцини треба да ги испорача во Босна и Херцеговина, а како што самиот вели, тој има договор со Владата на БиХ за провизија за услугите кои ги нуди на државата. Вкупно, БиХ ќе набави половина милион вакцини „Спутник В“ со посредство на Лакушиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This