April 19, 2024, 11:54 am

Cpeдбa нa вицeпpeмиepoт Димитров co нoвoимeнyвaниoт aмбacaдop нa Јапонија, Савада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Јапонија во Македонија, Хиронори Савада.

„Јапонија е наш голем поддржувач како на економски така и на политички план, традиционален пријател кој од осамостојувањето досега за Северна Македонија обезбедува значителна поддршка преку Официјалната развојна помош на Јапонија”, истакна вицепремиерот Димитров на почетокот на средбата.

„Последната грантова поддршка  во висина од околу 813 илјади евра како итна помош за здравствените институции кои се справуваат со Ковид-19 е само уште еден доказ за исклучителната билатерална соработка, но и показател за солидарноста како вредност бидејќи помошта значително ќе придонесе за олеснувње на работата на многу здравствени работници,” посочи ЗПВ Димитров, додавајќи дека Владата ќе преземе чекори за одржливост на резултатите од поддршката.

Во таа насока на 22 јануари о.г. беше одржан првиот состанок на Комитетот за проекти и уште еднаш беа потврдени динамиката на имплементација, постапките и списокот на опрема која ќе биде донирана. Очекувањата се за неколку месеци опремата да биде испорачана и многу скоро потоа ставена во употреба.

Од јапонска страна беа поздравени постигнувањата на Владата во контекст на членството на НАТО и беше изразена поддршка за евроинтеграциите на Северна Македонија. На состанокот беа разгледани можностите за понатамошно унапредување на билатералната соработка и колку е можно попрецизно таргетирање на помошта за постигнување подобри резултати.​

Вицепремиерот Димитров на амбасадорот Савада му посака успех во работата во текот на неговиот мандат, заблагодарувајќи се на јапонската влада за континуираната поддршка и помош кои што придонесуваат за продлабочување на билатералните односи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This