CTУДЕНАТА ВOJHА СЕ ВРАТИ И OCТАНУВА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На почетокот на 1990-тите, по распадот на СССР и крајот на студената војна, изгледаше дека светот се соочува со посветла иднина. Очекувањата беа природни и логични ама, сепак, не беа доволно оправдување за нереалниот оптимизам на Фукујама, за крајот на историјата. За несреќа, намалувањето на тензиите траеше кусо бидејќи практично веднаш започна новиот и многу полош унилатерален меѓународен поредок. Времето покаже дека ништо фундаментално не е променето туку само начинот на доминација. Место две супер сили, кои се нагодуваа за речиси секој поважен проблем и се обидуваа да најдат некаков баланс, сега се’ беше во рацете на една. Наскоро се потврди дека е тоа многу полошо решение бидејќи единствената супер сила беше во можност да прави што, каде и како сака. Немаше ривал со кого мора да ги дели интересите, водството и одговорностите. Како резултат, Берлинскиот ѕид практично не беше срушен туку едноставно пренесен на Исток, на границите на Русија и поделеноста на Европа – остана. Ветувањето на Џејмс Бекер, американскиот државен секретар, дадено на Горбачов, дека НАТО нема да се шири на Исток, како услов за реунификација на Германија, набргу беше прекршено. Откако Варшавскиот пакт беше распуштен, НАТО бараше modus vivendi за себе иако немаше многу причини тој да опстане. Војните во поранешна Југославија, меѓутоа, на време создадоа можности НАТО да преживее бидејќи ЕУ се покажа неспособна да се соочи со југословенската криза и алијансата беше единствена алтернатива. Таа беше секогаш важна алатка во рацете на Вашингтон.

Ова е основната рамка во која треба да се гледаат денешните светски проблеми. По таквиот почетен развој, воопшто не беше изненадување што меѓународната ситуација набргу започна да се влошува. Не треба да има дилеми ниту дека така и ќе продолжи. Во меѓувреме, Русија излезе од длабоката криза и е повторна фактор на меѓународната сцена. Кина стана прва економска сила на светот, мерено според паритетни вредности, со зголемени економски, политички и воени амбиции. Во исто време, САД се длабоко поделени на внатрешен план и, полека и постепено, започна да се намалува нивната светска доминација. Со цел да го сврти вниманието од своите домашни проблеми, Вашингтон започна агресивно да се конфронтира со Пекинг и Москва, обидувајќи се во тоа да ги вклучи и сите свои сојузници. Најголем губитник во овој процес секако е ЕУ. Европа не може да биде обединета или безбедна ако е Русија исклучена. За стариот континент е практично невозможно да гради геополитичка, економска и безбедна иднина – без Москва. Оригиналните визии за европско обединување беа од Урал до Атлантик.

Денес, не само по своја волја, Кина и Русија се природни сојузници бидејќи имаат заеднички непријател – САД. Долгорочно, меѓутоа, разликите меѓу нив сигурно ќе се продлабочуваат и одржувањето на силно партнерство ќе биде голем предизвик. Моментално, пак, тоа е добра основа да се започне процес за решавање на клучните меѓународни проблеми. Поаѓајќи од сегашното брзо влошување на меѓународната ситуација, стимулирано и од пандемијата, императив е Москва и Пекинг што поскоро да започнат со офанзива за ограничување на неправедната светска доминација на таканаречените “Западни демократии“. Целта мора да биде запирање на сегашната пракса на експлоатирање и искористување на огромниот дел од државите, од неколку десетици богати и моќни. Системот на глобализација, на пример, не е ништо друго освен нова колонизација. Нејзиното прекинување треба да биде само првиот чекор. Вториот и долгорочен, мора да биде мобилизација на најголем дел од државите, кои се генерално сиромашни и неразвиени, за отворање на процес на длабоки промени на едностраниот и неправеден меѓународен поредок. Искуството со Движењето на неврзаните, на Тито, Насер и Нехру, може да биде добар пример. Движењето се наметна како светска сила која беше далеку над вкупните реални капацитети на земјите членки.

Предизвикот со кој се соочуваме денес е поголем од било кога. Светот заскитува, се движи во погрешна насока и ако нешто итно не се преземе, со силна решителност за негово реструктурирање и реформирање, за никого нема да има светла иднина. Тоа е неопходно бидејќи навистина живееме во глобално село. Ако мала и непотребна војна започне било каде, сите ќе бидеме сведоци за жртвите и ќе живееме во кошмари. Поголема нуклеарна војна може да уништи се’ што е до сега создадено. Воспоставената пракса богатите да се збогатуваат а сиромашните да осиромашуваат е крајно неприфатлива и погубна. Таа води во неизбежна катастрофа. Нема прифатливо објаснување зошто 20, 50 или 100 најбогати треба да контролираат 30 или 40 проценти од светското богатство? Тоа не може да се оправда на никаков начин. Банките на најбогатите земји безмилосно го експлоатираат остатокот од светот на речиси нецивилизиран начин, задолжувајќи ги земјите и правејќи ги тотално зависни од богатите. Голема улога во тоа игра корупцијата. Телекомите, осигурувањето, ИТ компаниите… поточно сите високо профитабилни бизниси се контролирани од богатите и развиените. Тоа не е само демонстрација на недостаток на правда. Тоа е најлош модел на империјалистичка доминација и експлоатација, толерирани и во 21 век.

Само сојуз на мнозинството држави може да воведе промени на меѓународниот поредок, кои би го спасиле светот од трагичен развој кој инаку би бил неизбежен. Библиското преселување на населението на Африка и Азија кон Европа, какво што се случи во 2015 година, беше само силна опомена. Според процените, на крајот на векот, населението на Африка ќе биде 10 пати поголемо од тоа на Европа. Каква закана ќе биде тоа може само да се претпостави.

Потребните промени ќе се реализираат во блиска иднина или политичките, економските, социјалните и безбедносните проблеми ќе го доведат светот во бездна. Иако “Западните демократии“ не се заинтересирани за никакви посериозни промени на сегашните структури и практики, бидејќи истите се целосно во нивна корист, постои силна потреба за брзи длабоки структурални реформи на меѓународниот поредок кои би го направиле светот поправедно место за сите. Сегашниот поредок, воспоставен по Втората светска војна, беше во корист на победниците и богатите и мора да биде променет. Русија и Кина, заедно со Индија, Бразил… се на потег и имаат одговорност да го преземат водството. Исто така, макар формално, почетните потези можат да бидат на БРИКС. Оваа групација најави многу промени и нешто беше постигнато но потребните реформи имаат потреба од многу поагресивен и поширок пристап. Напредокот нема да биде лесен и едноставен. Сегашните моќни “корисници на привилегиите“, ќе сторат се’ тоа да го спречат. Конфронтацијата ќе биде жестока. Токму заради тоа, мнозинството држави мора да застанат заедно во борбата за поправеден свет, кој би дозволувал и стимулирал неразвиените да се развиваат побргу.

Русија, Кина, БРИКС… се соочени со предизвик да го обединат таканаречениот “Трет свет“. Мора да се подготви заедничка платформа, во која би биле вклучени интересите на мнозинството држави, базирани врз заеднички универзални аспирации. Таа мора да ги ограничи привилегиите на “Западните демократии“, иако и нивните интереси мора да се адресираат, и покрај фактот дека се тие себични и работаат само на кратки патеки. Мора да се надмине нивната лозинка – профит сега и веднаш а се’ друг може да почека.

Времето за сериозни промени е дојдено и не смее да се одлага.

(Текстот е прилог на авторот на 9-тата Московска безбедносна конференција, која се одржа на 23 и 24 јуни 2021)

Пишува: Ристо Никовски

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This