CTPAШНО: Спpeчен влез на 21 тон свинско месо зapaзено со африканска свинска чyмa во Македонија

  • October 10, 2019

Во Македонија е спречен влез на околу 21 тон свинско месо заразено со вирусот африканска свинска чума. Се работи за пратка по потекло од Шпанија која била дистрибуирана преку Бугарија и била откриена на граничниот премин Деве Баир.

Агенцијата за храна и ветеринарство веднаш реагирала и пратката е ставена под контрола и истатата не е пуштена во промет. За ова работа ние ќе ја известиме Светската здравствена организација за заштита на животните и Европската унија.

–При спроведување на превентивната мерка земање на мостри и примероци на секоја пратка од животинско потекло, поточно на свинско месо од земјите во кои што веќе е прогласена болеста африканска свинска чума АХВ утврди во пратка по потекло од Шпанија присуство на вирусот африканска свинска чума. За ова работа ние ќе ја известиме Светската здравствена организација за заштита на животните и Европската унија. Пратката е внесена преку Бугарија и оттами преку граничниот премин Деве Баир е влезена во Македонија. Истата пратка е задржана и не е пуштена во промет. Во текот на денот со сите преземени биосигурносни мерки ќе биде и нештетно уништена, изјави директорот на АХВ, Зоран Атанасов.

Претходно «
Следно »