Cyдот во Москва го kaзни „Твитер“ со 100 000 евра поради нeлeгални содржини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Окружниот суд во Москва ја казни социјалната мрежа „Твитер“ со скоро 100.000 евра за систематско одбивање на администрацијата да отстрани нелегална содржина поврзана со млади луѓе.

„Роскомнадзор“ изготви три протоколи за казни во износ од 35.600 евра, 36.700 евра и 26.700 евра. Даден е рок од 60 дена за извршување на уплатата од моментот на влегувањето во сила на одлуката.

Во Русија, брзината на „Твитер“ е ограничена од 10 март. „Роскомнадзор“ се закани дека целосно ќе ја блокира социјалната мрежа, доколку администрацијата не започне да го почитува законот.

Регулаторот испрати 28.000 барања до компанијата да ги отстрани спорните публикации, но компанијата не ги исполни целосно.

Законот предвидува казни за ресурсите преку Интернет кои не го ограничуваат пристапот до нелегална содржина, како што се детска порнографија, материјали што бараат екстремизам, описи на начини на правење и употреба на дрога. Износот на паричната казна може да биде различен, а во случај на систематски прекршоци може да изнесува до една петтина од годишниот приход на компанијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This