March 28, 2024, 10:49 pm

Cyдap нa бpoдoви вo Јaдpaнcкo Мope – 9 лицa ce пoвpeдeни oд кoи eднo пoтeшкo..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Девет лица се повредени од кои едно потешко, во поморската несреќа што се случи синоќа во областа на морскиот премин Сплитска врата, кога се судрија два пловни објекти, јавија медиумите во регионот.

На бродот на пристанишната управа биле пренесени 15 лица, од кои девет повредени, кои понатаму биле транспортирани во Клиничкиот болнички центар во Сплит.

Според написите, станува збор претежно за странски државјани, а како што се наведува, некои од нив имале крв и гребаници на лицето предизвикани од судирот на пловните објект.

Капетанот Никола Бркуćиќ за дел од медиумите изјавил дека два пловни објекти се судриле на милја и пол од сплитската порта, па веднаш по повикот, брод на пристанишната управа испловил од Милна и ги зел повредените патници од бродовите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This