Cyдeњeтo зa „Мeѓyнapoдeн cojyз“ пpoдoлжyвa co cocлyшyвaњe нa cвeдoци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со сведочењето на лицата Јованка Кука и Лилјана Тодоровска, денеска е предвидено да продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз“.

Судењето за овој предмет е во почетна фаза на изведување на вербални докази. На последното рочиште беа сослушени сведоците Агапи Дика и Јордан Камчев.

Судењето за овој предмет го води судијката Софче Ефремова, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ивана Трајчевска.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This