Cyзан Шyц: Однocите мeѓy Maкедонија и Бyгapија се „многy cлoжeни и koмплициpaни“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сузан Шуц, директорка за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА во германското Министерство за надворешни работи, изјави дека решавањето на проблемите на Западен Балкан повеќе не може да се одложува, дека времето е многу важен фактор и дека е важно да се работи на воспоставување на владеење на правото и на примена на законите.

Шуц од Берлин, вклучувајќи се на онлајн конференцијата „Две децении од почетокот на нормализација на односите меѓу дејтонската четворка“, порача дека регионот е приоритет за Германија, како и членството на земјите од регионот во ЕУ и економскиот инвестициски план кој ќе биде приоритет во наредниот период.

–Постигнавме многу во изминатите 20 години, Словенија и Хрватска се членки на Унијата, Црна Гора и Србија преговараат за пристап, а С. Македонија и Албанија во март добија зелено светло да започнат преговори. Се надеваме дека до крајот на годината и германското претседателство со Унијата ќе ги имаме првите меѓувладини конференции, изјави Шуц.
Таа оцени дека односите меѓу С. Македонија и Бугарија се „многу сложени и комплицирани“, а што се однесува до Албанија, постојат голем број услови кои мора да бидат исполнети.

Шуц кажа дека дијалогот меѓу Србија и Косово е „камен на сопнување“ за регионот и изрази надеж дека во следните месеци ќе се оствари потребниот напредок.

Според неа, 25 години по Дејтон, Босна и Херцеговина сè уште е поделена по етнички линии, државните структури се нефункционални и тешко е да се постигне консензус за основните прашања.

Нагласи дека Берлинскиот процес е исто така многу важен за регионот и се надева дека ќе биде можно физички да се одржи во ноември во Софија, кога коорганизатори ќе бидат Бугарија и С. Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This