CВЕДОШТВО: Другарите го пронајдоа телото на исчезнатиот скопјанец во дол

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Досие.мк во потрага по информацијата дека скопјанецот кој беше пријавен дека е исче3нат го обиколи теренот околку населбата Нерези. Локален жител кој сакаше да остане анонимен ни раскажа како дознал за смpтта на момчето.

Додека седев на клупите дојдоа момчиња и прашуваа за автомобил и го опишаа момчето. Тие прашуваа како да се качат на височинката над тунелите овде на почетокот од Нерези. Јас им кажав и заминаа. По десетина минути потресени се вратија. Кажаа дека ја нашле неговата кола заклучена и кога го пребарале теренот го виделе телото во долот. Повикаа полиција брза помош. Но само констатираа дека е починат. Никој не знае што се случило. Телото личеше како да е истркалано од височинката и застанато меѓу дрвата пред каналот. Полицијата направи увид и го однесоа, раскажал за ДОСИЕ.МК жител на населбата.

И другите жители во близина беа вознемирени оти кога слушнаа дека се работи за момчето се бараше преку социјалните мрежи. Не знаеа како дошол зошто дошол и дали бил сам.

Само ја виделе полицијата и кога разбрале дека е мpтов сите потресени заминале дома.

За причините за смpтта ќе соопшти обвинителство и полицијата по обдукцијата која ќе се врши по наредба на обвинител.

На фотографијата е местото каде беше пронајден мpтов скопјанецот Горан Атанасовски.

Досие.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This