Eве до кога ќе вpнe дожд без прecтaн, УХМР пpeдупрeдувa и за појава на гpaд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето утре ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Во петок ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Во недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

УХМР од денеска веќе предупредува дека под влијание на циклонска активност од денес следува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено денес и утре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This