EПИДЕМИЈАТА НИКАКО ДА СТИВНЕ: Пикот кој Заев и Филипче го најавуваа во септември пристигна на крајот на мај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонците никако да кренат глава од опасниот коронавирус. Додека бројката на заболени и починати во светот е во благ пад и се чини многу држави ја израмнија кривата, во Македонија изгледа дека најлошото допрва не очекува.


Денес во нашата држава беа регистрирани 40 нови случаи на коронавирусот, а имаме уште еден наш сограѓанин кој ја загуби борбата со вирусот.

Според податоците на министерството за здравство 39 од регистрираните 40 случаи на коронавирус се откриени при извршени 340 тестови, што значи дека 11.4 проценти од сите тестирани се позитивни на вирусот. Од скринингот односно од извршени 209 тестирања е откриен 1 заразен. Од 40-те заболени 29 се од Скопје, 10 пак се од Прилеп, а има заразени и од Велес и Битола, што значи дека заразата се уште хара во поголемите градови.

Македонија се соочува со сериозни проблеми имајќи во предвид дека во изминатите 5 дена во Македонија се регистрирани 118 заболени, а починати се 14 лица, доколку на бројката ги додадеме денешните нови 40 случаи, бројката достигнува 168 заразени за помалку од една недела и починати 15 лица. Ова е само потврда дека епидемијата на коронавирус во Македонија е далеку од завшрена и дека во наредните денови не очекува нов пик, пик на крајот од мај и почетокот на јуни.

Венко Филипче и Зоран Заев обидувајќи се да избоксуваат брз корона избори на 21 јуни ја убедуваат македонската јавност дека на есен Македонија ја очекува нов бран на коронавирусот, но реалноста е дека бранот веќе е тука и ја поплави идејата за брзи избори на сметката на животите и здравјето на граѓаните.

Провладините аналитичари како и самите претставници на СДСМ ја користат Хрватска како пример за избори во време на епидемијата со оглед на тоа што Хрватите ќе гласаат на 5 јуни, но никој од нив не споменува дека во Хрватска која има двојно повеќе жители од Република Македонија, можеби и тројно, вчера беа регистирани само 2 случаи на новозаразени и ниту еден починат од коронавирусот.

Што се однесува на тезата за новиот бран на коронавирусот во септември оваа теза се базира на претпоставките дека коронавирусот ќе се однесува како вирусот на обичниот грип, нешто што досега се покажа како неточно во низа наврати. Гледаме дека вирусот е присутен на сите континенти, не му пречи ниту топло ниту студено време со оглед на фактот што на 30 степени во Македонија имаме толкав висок број на заразени.

Опозицијата одбиваше да се лицитира со датуми додека не стивне епидемијата, но притисната побара да се разгледа можноста изборите да се одржат во август или септември, односно да се дозволи доволно време за да се увиди во која насока се движи епидемиолошката крива, без притоа да се потенцира посебен датум како што тоа го бара Заев.

Инфектологот Вело Марковски кој сепак е најстручен на ова поле ги демантираше и Заев и Филипче. Тој во интервју за ТВ21 истакна дека никој не знае дали може да се врати вирусот на есен, а тие кои тврдат дека може да се врати треба да објаснат од каде знаат, односно од каде им се изворите.

„Претпоставка е дека ќе се врати, се споредува со вирусот на грипот, но се работи за различен тип на вируси. Овој вирус е присутен, секоја година се враќа но не толку вирулентен“, вели Марковски.

Тој додава дека вирусот може да се врати ама да биде како во минатата година, кога 30% од населението се инфицира, но поминува како лесна настинка.

„Дека ќе имаме коронавирус, ќе имаме, но дали ќе се врати вака вирулентно никој не може да каже“, порачува Марковски.

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This