EВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЌЕ СЕ МЕША И ВО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Ќе бараат месечни извештаи за лажните вести од „Фејсбук“, „Твитер“, „Гугл“?

  • December 4, 2018

Од платформата социјални мрежи меѓу кои се „Фејсбук“, „Твитер“ и „Гугл“, Европската комисија планира да бара извештај на месечно ниво, до Мај кога ќе се одржуваат избори за Европски парламент, изјавија претставници од Европската унија за европски „Политико“.

Овие извештаи , акко што се наведува, ќе бидат во врска со „руската кампања за дезинформирање“, а дека тој повик е дел од „акциониот план“ врзана за лажните вести , а кој план ќе биде претставен утре.

„Фејсбук“ и другите друштвени платформи ќе бидат повикаи да поднесат извештаи од јануари до мај, изјави еден од официјалните претставници во ЕУ кој сака да остане анонимен.

Европската комисија планира  да ги објави тие извештаи за да може да се подигне свеста кај европските гласачи за тоа како надворешни актери се обидуваат да влијаат на нивниот глас.

Тој план ќе биде изнесен утре , и како што се наведува , ќе биде посочена Русија како земја која во повеќе наврати се меша и во повеќе наварти направила таков престап користејќи систематски кампањи на дезинформирање од голем обем.

Во извештаите на овие компании, ќе бидат и податоци за тоа како тие ги обележуваат политиќките реклами како и тоа колку лажни профили и ботови тие имаат идентификувано и ги имаат згаснато.

Меѓу компаниите од кои ќе биде побаарн извештај моментално се и „Твитер“ и „Мозила“.

Претходно «
Следно »