October 27, 2021, 8:43 pm

Eвe кoj гpaд вo Македонија e co нajгoлeм мopтaлитeт: Зa двa дeнa пoчинaa 11 житeли кaкo пocлeдицa oд Koвид-19..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За само два дена Прилеп изгуби 11 граѓани, кои починаа од последици на КОВИД-19. Со тоа бројката на починати во овој град се искачи на вкупо 278 и има најголем морталитет во земјва.

Вчера битката со вирусот ја изгубија 7 прилепчани на возраст од 63 до 87 години, а во вторникот починаа четворица на возраст од 45 до 89 години.

И бројот на заразени е во драматичен пораст, во последните два дена регистрирани се 105, а само во првите 10 дена од март има 374 новозаболени. Во Прилеп доминира британскиот сој на вирусот, кој забрзано се шири и создава семејни клaстери, а епидемиoлозите од Центарот за јавно здравје посочија дека оваа мутација која е далеку позаразна, криењето контакти но и непочитувањето на мерките, се причини за зголемувањето на бројките.

Се полнат капацитетите во Прилепската болница, каде освен Инфективното во КОВИД центри се адaптирани уште неколку други одделенија. Хоспитализирани се вкупно 84 пацинети.

Освен во Прилеп, бројот на заболени расте и во другите градови кои се жаришта на британскиот сој на вирусот, Кавадaрци и Охрид, каде во првите десет дена од март има над 200 новозаболени, а исто така се полнат и болничките капацитети.

Latest News

Мицкоски: Нема веќе поделби Македонци, Албанци, леви и десни, ќе работиме за сите

„Власта помеѓу овие два круга ја плаши бизнис заедницата и граѓаните и сее омраза по основ на етничка омраза,...

More Articles Like This