December 9, 2021, 10:30 am

Eкcтpeмни гopeштини во јyжна Европа: Caхapcкиoт пecoк дoнece eкcтpeмни тeмпepaтypи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Песокот од африканската пустина стигна до јужна Европа, во облик на жолти облаци, и донесе екстремни температури од 40 степени.

Сахарскиот песок од дините на африканската пустина носен од силни ветрови премина во јужен Медитеран и стигна до италијанското небо, кај Сицилија, па се упати нагоре.

Прогнозата од метеоролозите заснована врз сателитските снимки предвидува „инвазија“ на јужна Европа во рок од три до четири дена. Сахарскиот песочен облак, со прекар Годзила, е најголемиот во последните 20 години, а успеа да го премине и Атлантикот, упатувајќи се и кон Соединетите Држави.

Се чини дека прашината допатувала од Алжир и Мали, преминувајќи повеќе од 1.000 километри поради големиот мезоскален конвективен временски систем, вели НАСА.

Во меѓувреме, врела воздушна маса поврзана со северноафриканскиот антициклон ги донесе италијанските термометри до прагот од 40 степени, а во Грција и до 43. Според грчките метеоролошки служби, денеска е пикот во температурите, а најтопло е во централна и северна Грција.

Службата за следење на атмосферата Коперникус соопшти дека прашината неделава ќе продолжи да патува нагоре низ Европа.

Милиони тони честички прашина секоја година доаѓаат во Европа од северозападна Африка. Честичките се богати со железо и фосфор, негативно влијаат на квалитетот на воздухот и ја намалуваат видливоста.

И покрај тоа што бурите од прав можат да го влошат квалитетот на воздухот, тие играат и важна улога во апсорпцијата и рефлектирањето на сончевата енергија за регулирање на климата на Земјата. Прашината, исто така, ги облагородува океанските и копнените екосистеми со железо и разни минерали, кои им помагаат на растенијата и фитопланктонот да растат.

Latest News

Бајден смиpyва и дeecкалиpa: Воопшто не се размислува за испpaќање американска вojcка во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека го предупредил рускиот претседател Владимир Путин дека Москва ќе се соочи со тешки...

More Articles Like This