October 18, 2021, 2:29 am

Eнгелс барал истpeбување на Словените, но и тој правел разлика помеѓу Македонците и Бугарите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ДУРИ И ЕНГЕЛС… Еден од најгрозните текстови против Словените воопшто (од кој се исклучени единствено Полјаците) и во кој се бара нивно физичко истребување, е текстот на Фридрих Енгелс „Унгарска борба“, првпат објавен во весникот „ Neue Rheinsche Zetung“, бр. 194 од 13.01.1849 година. Во него Енгелс пишува:

„Австрија… во раниот среден век беше земја населена исклучиво со Словени. Според јазикот и обичаите, тие Словени припаѓаат на истото племе на кое припаѓаат Словените во Турција – Срби, Бошњаци, Бугари, тракијски и м а к е д о н с к и Словени.“

Колку текстот и да е шовинистички грозен, колку од него да извира омразата кон сѐ што е словенско, во него Енгелс сепак прави јасна дистинкција помеѓу Бугарите и Македонците, како засебно племе од племето на Бугарите. Веројатно таа дистинкција ја направил по директен диктат на Сталин, Тито и Димитров, користејќи се со непозната временска машина, бидејќи во времето кога го пишувал тесктот Сталин, Тито и Димитров биолошки не биле ни зачнати, уште помалку родени. За самите Бугари пишува:

„Бугарите, племе кое во средниот век било најсилно и најстрашно, сега се во Турција познати само по својата благост и меко срце, па својата слава ја бараат во тоа што самите се нарекуваат добри chrisztian – добри христијани!“

Сарказмот на Енгелс, по сѐ изгледа, нема крај, пишува професорот Љубомир Цуцуловски на Фејсбук.

Latest News

Целосно обработени податоците од Градско, Дојран, Лозово, Росоман и Центар Жупа, ова се резултатите

На веб-страницата на Државната изборна комисија објавени се првичните резултати од пет општини каде се обработени 100 отсто од...

More Articles Like This