Eве што се бара од Македонија да прифати: Гоце Делчев е македонец во регионална смисла и Бугарин по националност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гоце Делчев е истовремено и Македонец и Бугарин-тој е Македонец во регионална смисла и Бугарин според национална припадност.

Ова во утринската емисја на БТВ Новините го изјави заменик-претседателот на бугарскиот дел од Заедничката мешовита комисија за историски и прашања од образованието, доцент Наум Кајчев.

Тој посочи дека самата Комисија не заседавала 10 месеци.

-За жал, во јавноста може да се забележат информации дека се е в ред и дека Комисијата функционира, па дури одговорни лица изјавуваат доста невистинити работи. Вчера вицепремиерот за евроинтеграции на Република С. Македонија, Никола Димитров, во едно интервју за една телевизија гледана во Скопје рече, гледате Заедничката комисија го решила и античкиот, и средновековниот, и рано османскиот период, што не е точно. Разговорите за средниот век продолжуваат и тие апсолутно не се лесни, изјави Кајчев.

Тој додаде дека и дека е можно и Бугарија и Република С. Македонија да излезат победници од спорот за Гоце Делчев, но под услов да има волја за потпирање врз архивите, изјавите и самоопределувањето на Гоце Делчев кое, според неговите зборови, „е повеќе од јасно“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This