Eвe зоштo има вpзaн потпис: Ако Албанците излезат под 20%, ДУИ нeмa да ги признae резултатите од попиcoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Донесувањето на Законот за попис останува под знак прашалник, бидејќи сѐ уште не е изгласан во Собранието. Аргументи за ова прашање во синоќешниот дебатен магазин „Клик Плус“, изнесоа пратениците Халил Снопче и Арбр Адеми.

Пораката на ДУИ е дека ако пописот покаже дека во Македонија живеат помалку Албанци од 20% од вкупниот број на населението, коалициониот партнер на СДСМ нема да ги признае резултатите. Ова е голем доказ дека пописот не е статистичка операција како што Заев и неговите најблиски соработници сакаат да го претстават.

Пратеникот на Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, рече дека пописот наидува на разни мистерии, но додава дека треба да биде празничен ден за граѓаните.

-Пописот треба да биде празничен ден каде граѓанинот ќе даде информации за себе, за својот имот. Граѓанинот ќе даде информација бидејќи е фактор, субјект во оваа држава, рече Снопче.

Пратеникот од редовите на ДУИ, Арбр Адеми, рече дека доколку на пописот излезе дека Албанците се помалку од 20%, тогаш нема да ги признае резултатите. Тој меѓу друго говореше и околу новините во Законот за попис.

Х.С: Ако Албанците излезат 19%, дали ќе ги прифатиш резултатите од пописот?

А.А: 19?! Никогаш, никогаш!

Адеми, како поранешен министер за образование изнесе и податоци за бројот на запишани ученици од учебната 2017/18.

-Дали може како министер за образование да споделам еден податок со вас – бројот на учениците за учебната година 2017/18 е 121 илјада и 272 Македонци, односно 64.22%, а 60.709 Албанци, односно 32.15%-рече Адеми.

И според Снопче, Албанците во Македонија се над 29%. Вели дека немаат доверба во Државниот завод за статистика за спроведување на пописот.

-Доколку ги земеме податоците од 2002 година ние можеме да имаме сомнежи, некому можеби нема да му одговара, некој можеби ќе каже дека сме 35-40%, но ако ги земеме податоците од 2002 година и ги анализираме статистички бројките на родени и починати од 2013 до 2019 година, јас ви гарантирам дека не се помалку од 29%, туку над 29%.-вели Снопче.

Мнозинството од 61 пратеник никако да се собере во Собрание. Дел од пратениците од власта не доаѓаат бидејќи се заразени или пак во изолација поради коронавирус. Македонската опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ се произнесе против законот, додека албанската опозиција пак, изјави дека ќе гласа „за“.

Високиот претставник на ДУИ со ова јасно стави до знаење каков попис има ветено Заев и поради што им е толку важно да го протуркаат пописот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This