EГЗOДУC НА МЛАДИТЕ: Во последните шест месеци само преку една агенција, во Германија се вработиле 400 лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Егзодуcoт на младите лица беше синоќешната тема на дискусија во магазинот “Клик Плус“ на телевизија 21 во која дискутираа млади лица студенти. Младите искажаа голема загриженост од се поголемото иселување на младите лица во западните европски држави, во потрага по подобар и подоспоинствен живот.

Млади го искажаа своето огромно разочарување од актуелната политичка елита која иако многу ветуваше, сега не прави ништо за да го спречи овој феномен кој зафаќа се пошироки размери.

Еден од говорниците беше Евлан Асани, кој е сопственик на агенција за посредување за работа во Германија, кој истакна дека само преку неговата агенција во последните шест месеци, по основ на долгорочни вработувања во Германија се вработиле 400 претежно млади лица.

Можам да ви кажам дека само во последните шест месеци, по основ на долгорочни вработувања, преку нашата агенција во Германија се вработени околу 400 лица кои се претежно млади, рече Асани
Сефер Селими пак кој беше претставникот на граѓанската огранизација “Democracy Lab“ истакна дека во Гостивар, само во текот на летните одмори преку нај традиционалниот начин на емиграција, кој е бракот, си заминуваат 300 до 400 млади лица.

Само во текот на околу месец, во Гостивар, во периодот од средината на месец јули до средина на август, нам ни одат околу 300 до 400 млади лица. И тоа се прави на традиционален начин на емиграција што до сега се правел, значи преку бракови при што овие млади лица стапуваат во брак со некое веќе иселено лице, истакна Селими.

Тој истакна и огромна загриженост за иселувањето младите лекари и медицински сестри, кој вели дека ако не се спречи овој тренд за десет години во Македонија ќе нема кој да не лечи.

Не познавам студент на медицински факултет кој истовремено не следи и курс по германски јазик. Не познавам млад лекар кој не курс по германски јазик. Доаѓа време кога можеби и ќе успееме да ги ренвираме болниците кои ќе овозможат барем оптимални услови за поквалитетно здравство но ќе немаме кој да не оперира и да не лечи, додаде Селими од “Democracy Lab“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This