March 28, 2024, 10:34 am

Eлeктpoтeхнички инжeнep мy нaпpaви „шaх-мaт“ нa Шилeгoв: Hoвиoт aвтoбycки пpeвoз e нeкoмпaтибилeн зa Скопје, oвa e дeфинитивнo aвтoкpaтcкopeжимcкa бyдaлaштиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со Кирил Минанов, електротехнички инженер од навладината организација „Електромобилност“, зборуваме за најавеното воведување на системот Брз автобуски превоз во Скопје (БРТ).

Како организација „Електромобилност“ категорично застанавте против воведувањето на системот БРТ. Зошто сметате дека овој проект не е добар за градот?

-Се работи за недемократско усвојување на план без јавна научна дискусија, нема проект, нема детали… Според тоа, ова е дефинитивно автократскорежимска будалаштија. Партиските манифестации за ваков калибар на јавен интерес не ги третирам сериозно. БРТ постои во мегалополиси со над 10 милиони луѓе како Истанбул, Мaнила, Мексико Сити кадешто се спојуваат краеви на огромните градови со големи брзини по специјални траси без семафори и тн., и според тоа системот е некомпатибилен за Скопје. Власта во градот мора да гледа во состави како во Билбао, Загреб, Утрехт и тн. за ЛРТ (light rail transit) или во превод, Лесен Трамвајски Систем, со возен парк којшто е сличен, но редуциран од класичен трамвај, но работи со поголем капацитет, и има и таканаречено „ексклузивно право на поминување.“

Сметам дека со овој несреќен проект се почнува од почеток со идејата за јавен транспорт по абсолутниот дебакл со даблдекерите и тешкото материјално оштетување на јавните финансии фрлени низ градската инфраструктура од канали коешто, исто вака, како со БРТ, ни беше наметнато без да има јасно и недвосмислено изјаснување од гласачката партиска толпа. Oвој проект влегува во истата идеја на ширење на булевари и продолжување со асфалтната сага, a тоа е за осуда. Начинот на градба на тоа чудо од екстра бетон по средина на булеварите каде ќе се вади средишното зеленило ќе предизвика негативни реакции од граѓаните затоа што градот има ужасно спора транспортна мрежа затоа што улиците не се проектирани за толку многу возила. И упорно и тврдоглаво се одбегнува трајното решение, а тоа е електрификација на јавниот транспорт.

Каков нов систем на јавен превоз му е потребен на градот? Како би се реализирал тој проект?

– Потребна е комбинација од повеќе видови на превоз. Првенствено е потребен ЛРТ — лесна железница во форма на трамвај. Во структурата на јавниот превоз тој би бил застапен со 60-65 проценти и тој би одел по линии кои не се во допир со булеварскиот транспорт. На пример, би оделе по линијата по која сега одат градските автобуси на булеварите или по линијата по која сега одат велосипедите, а тие би се поместиле повнатре. На крстосниците, каде тоа е потребно, би одел под земја или над неа преку мост. Сето ова овозможува да се сочува булеварското зеленило кое со проектот за БРТ ќе се искорне. Трамваите би имале ексклузивни право на поминување. Освен ова, би имало и „тешка електрична железница“ за субурбан транспорт од Транспортен центар до Аеродром во Петровец, како и по јужен булевар од Ѓорче Петров до Транспортен центар и потоа кон Зелениково. На одредени линии би имало и дополна со тролејбуски систем и електрични автобуси за специфични траси. Пешачките зони со огромни коридори на зеленило се дел од оваа перспектива како што е тоа во Утрехт, на пример.

 Зошто сметате дека тој систем е подобар од БРТ, на кој начин би се реализирал?

– Се водам од принципот дека сè што загадува мора да се исфрли од системот, загадувањето не може да се сведе на нула, но климатската катастрофа е радикално нарушување на екосистемие на планетата и ние мора да се водиме од тоа. На Скопје му е потребен комплетно нов формат во смисла на финансирање со што робусните проекти лесно ќе бидат поднесени. Со денешната структура и обем на годишен буџет не можат да се организираат јавните работи на начин којшто им е потребен на скопјани и тука тоа не е лимитирано на електрифициран транспорт, туку и на централизирање на топловодите, управувањето со топлинска енергија еден и единствен генерален и детален урбанистички план за цело Скопје со планирање по 10 и 20 години напред, наместо сегашниот општинарскоклиентелистички партискокапиталистички хаос и тн. Европски Загреб, имено, има годишен буџет од над 1 милијарда евра и население од околу 800 илјади. Мојот предлог е да се укинат десетте општини низ Скопје, цела комунална управа да се среди на ниво на Комуна Скопје со буџет од 300 до 400 милиони евра и тогаш може да работиме на изградба на метропола без сериозни надворешни задолжувања.

Треба ли да се почека да завршат локалните избори за да ги слушнеме идеите на сите кандидати и потоа да се решава за градбата?

-Сметам дека оваа бесмислена работа мора експресно да се напушти поради недемократското одлучување. Но, искрено од ниту една кандидатка и кандидат до сега не чув за што се залагааат во смисла на Град Скопје за наредните 50 години, за финансии, за инфраструктура, за електрификација на транспорт во широк спектар, па така, од тоа ќе зависи и моето гласање на изборите. 

Извор: skopskoeho.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This