„Eлeктpoeнepгeтcкиoт cиcтeм вo koлапc – РЕК Битола пpeд тoтaлнo иcклyчyвaњe”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Електроенергетскиот систем во колапс- РЕК Битола пред тотално исклучување, ова денеска преку статус на Фејсбук го истакнуваат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сведоци сме на сите досегашни промашувања на СДСМ во секоја сфера од стопанството но вакви рекорди во негатива како што ги има во електроенергетскиот систем никој не може да ги достигне. Во ноември 2020 година генералниот директор на ЕСМ најави дека ремонти на блоковите и рударските машини во РЕК Битола се направени и се во одлична состојба и од средина на декември 2020 година РЕК Битола ќе биде во погон со трите блока на максимална моќност. И како по обичај повторно излажа.
Каква е сега состојбата?

Цело време во последиот месец дена депонијата на јаглен е под 10.000 тони. Денеска на депонија за јаглен резерви има само 6000 тони. Значи до вечер и тоа ќе се потроши. Се работи со малку јаглен кој директо од трака од рудник се носи во котел на термоелектрана. И се троши мазут и по 20 тони на час. Значи дека РЕК Битола се трансформира во мазутара. Состојбата со електростатските филтри кои не се во добра состојба со ова уште повеќе се влошува. За загадувањето на животната средина што сега го прави РЕК Битола никој не се загрижува.

Во погон се само два блока и тоа во ризичен режим под технички минимум. Се очекува дека и блок 2 наскоро да се исклучи. На мрежа се дава по 120 MW намесо 220MW по блок и тоа поради немање на јаглен. Со ваков режим се уништува во основа турбинската опрема на блоковите. Блоковите не се квалитетно ремонтирани. Посебно блок 1 кој е препуштен на самоуништување, ниту се поправа ниту одржува. И не е во погон.

Ископ на јаглен скоро и да нема. Главниот багер КУ300 е вон погон поради дефекти. Малку дожд што имаше минативе три-четири дена поради неспособноста на раководството во ЕСМ тотално го поплавија рудникот. И практично блокирана е работата на ископ на јаглен. Но затоа, театрални прошетки на раководството на ЕСМ во РЕК Битола има колку сакаш, со камери и новинари. Сега наместо да се работи на решавање на проблеми, главна активност на раководството на ЕСМ во РЕК Битола е вртење на паричката и прославите со генералниот директор. И тоа во работно време и во работни простории во РЕК Битола. Сега ЕСМ не може да ги снабдува домаќинствата со електрична енергија, РЕК Битола засега има само два блока под технички минимум и се ангажираат хидроелектраните да го потрошат она малку вода што ги наполни акумулациите.
И резултат кој е? Електроенергетскиот систем моментално е на ивица на распад. Состојбата е вонредна во РЕК Битола. Но стручниот кадар на СДСМ не се грижи за тоа. Има тој решение за ова. Ќе си направи бизнис со увоз на струја а тоа се знае што значи. Повисока цена за домаќинствата. Па наздравје народе со СДСМ. Честити празници, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Електроенергетскиот систем во колапс- РЕК Битола пред тотално исклучувањеСведоци сме на сите досегашни промашувања на…

Posted by Комисија за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ on Thursday, January 14, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This