Eмoтивeн мoмeнт на пpинцoт: На Хари му ја oдзeдoa вoeнaтa титyлa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На принцот Хари (35) му е одземена воената титула, пишува британски „Мирор“. Тој бил принуден да се откаже од церемонијалните улоги во британската војска што го доживеал многу емотивно.

„Од сите титули и генерално привилегии од кои морал да се откаже по службеното заминување од кралското семејство, најмногу го деморализирало одземањето на почесните воени именувања, кои му беа доделени како член на кралското семејство“, пишува во биографијата „Пронаоѓањето на слободата“.

Тој повеќе не смее да носи униформа како капетан на Kралските маринци, почесен генерал на Кралската морнарица. Како пензиониран војник секогаш ќе може да ги носи своите медали.

Хари во 2015 година, по напуштањето на војската, ветил дека ќе ги одржува врските со војниците.

– Додека бев во војска, не бев принц, бев само Хари – изјавил тој своевремено. Не е чудно што одземањето на воените титули толку силно го погодило.

По отстапувањето од кралските должности, Хари и Меган настојуваат самостојно финансиски да се обезбедат. Неодамна тие потпишаа договор со стриминг сервисот „Нетфликс“, вреден 150 милиони долари. Двојката основа и продуцентска компанија, а ќе се занимава со производство на документарци, филмови, телевизиски содржини и детски програми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This