April 19, 2024, 10:29 am

Eпидемија на еболa во Гвинеја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Eпидемија на еболa во Гвинеја

Гвинејската влада официјално прогласи нова епидемија на ебола, откако беа откриени осум случаи на вирус на југоистокот на земјата, соопшти Министерството за здравство.
„Рано утрово, беше потврдено присуството на вирусот ебола во лабораторијата во Конакри“, изјави директорот на Националната агенција за здравствена безбедност, Сакоба Кеита, пренесува Гардијан.
Демократска Република Конго денес го потврди четвртиот случај на ебола во провинцијата Северен Киву, каде беше откриен првиот случај на 7 февруари.
Ова е прва епидемија на вирусот ебола во Западна Африка по тешката епидемија од 2013 до 2016 година, при што повеќе од 11.300 луѓе починаа во тој регион.
Светската здравствена организација соопшти дека брзо ќе испрати помош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This