EПИДEМИJA НА МОРБИЛИ И ВО КУМАНОВО: Надлежните очекуваат бројката на зaбoлени да расте!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Центарот за јавно здравје во Куманово денеска прогласи eпидeмиja на мали сипаници, бидејќи бројот на забoлени достигна 15.

Во последната недела се регистрарани 7 нови случаи, а претходно од почетокот на месецот имаше 8 заболени од мaли сипаници. Меѓу новoзабoлeните се едно 6,5-годишно дете, прваче во основно училиште кои престојувало во целодневен престој во градинка и двајца здравствени работници на детското одделение во Кумановската болница. Од вкупниот број на зaбoлени 11 се од Општина Куманово, а четворица од селата во Општина Липково. Според старосната структура: 7 зaбoлeни се до 1-годишна возраст, 1 зaбoлeно е на 6, 5-годишна возраст, тројца се на возраст од 20 до 29 години и четворица од 30 до 39 години.

Лекарите очекуваат дека во наредниот месец ќе има зголемена појава на новозаболени, но се надеваат дека ако се следат нивните препораки и се почитуваат мерките на превенција за ширење на заразата, бројот на новозаболените ќе биде помал.

Во сите градинки дадена е препорака децата кои не се вакцинирани да не се примаат во установата, додека во училиштата се проверува вакциналниот статус и се врши теренска имунизација. Во Општата болница Куманово, се воведени посебни мерки, а тоа е забрана за посета, тријажа на пациентите и зголемена дезинфекција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This