E yштe oвa ни фaли…: Швajцapcки нayчник пpeдyпpeдyвa нa oпacнocтa oд пojaвa нa „cyпep coj“ нa кopoнaвиpycoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Швајцарскиот научник Саи Реди предупреди на опасноста од појавата на нов „супер сој“ на коронавирусот, што може да предизвика уште поголема загриженост ва светот во следните шест месеци.

Во интервју за швајцарскиот весник „Блик“, тој наведува дека е неизбежна мутацијата и на делта сојот.

-Тоа е нова фаза на пандемијата, кога бета или гама стануваат поинфективни или се развива мутација од делта сојот. Тоа ќе биде најголем проблем следната година, рече Реди.

Според него, „Ковид 22“ може да биде полош од се што светот видел досега во борбата против коронавирусот.

Реди смета дека науката и политиката веќе мора да се подготват за такво сценарио.

-Ако се формира таков вид, ние мора да го препознаеме што е можно поскоро, а производителите на вакцини мора да се прилагодат на тоа, рече Реди.

Тој верува дека претстојат шест тешки месеци и дека следната есен и зима ќе бидат исти како и минатата година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This