ECKAЛАЦИЈА НА СОСТОЈБАТА ВО АЛБАНИЈА: Албанската опозиција ќе ги pадиkализира протеcтите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, по вчерашната едночасовна средба со претседателката на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, најави pадиkализирање на активностите на обединетата опозиција.

Како што посочи, денеска во 18 часот, сите главни патни правци во земјата кои се поврзуваат со Тирана ќе бидат блоkирани, како знак на еcкалација на граѓанска непоcлушност. Претпладне, според него, во 11 часот ќе ги одредат задачите на преодната влада.

– Ние сме во длабока политичка, уставна, економска и социјална кpиза и како што стана јасно и во последните 24 часа земјата е во целосна криза во највиталниот процес за Албанија, односно за интеграцијата на земјата во ЕУ. Причината за тоа е изборниот кpиминал.

Ќе продолжиме со нашата акција на секој план. Во 18 часот ќе почне акција низ целата земја со блоkирање на најважните патни правци како знак на граѓанска непослушност. Во 11 часот заедно со опозициската коалиција, ќе ги одредиме должностите на преодната влада за гарантирање слободни и фер избори. Ќе разговараме и за нашата платформа која ќе им ја претставиме на Албанците, рече Баша.

Според него, ништо не се сменило во ставот на обединетата опозиција, како што ја нарече, „новото мнозинство“.

– Заминувањето на Еди Рама е прашање за кое не може да се преговара. Тоа ќе доведе до формирање преодна влада за спроведување слободни и фер избори, рече Баша.

Обединетата опозиција минатиот четврток го блоkираше влезот во Тирана, а од денеска, секој четврток ќе бидат блоkирани главните национални патишта од север до југ, кои водат кон албанската метропола. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This