„Ekcплозија“ на пaндемијата во Азија, за една недела зapaзени речиси шест милиони лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓународната федерација на црвен крст денес објави дека случаи на коронавируси експлодирале во Азија во последните две недели со над 5,9 милиони нови случаи на ковид-19.

Како што е наведено, во Азија, поголем број на луѓе биле дијагностицирани со болеста во текот на последните две недели, отколку во САД, Европа и Африка заедно, пренесува Танјуг.

Црвениот крст предупреди дека брзината на ширењето на пандемијата ги турка болниците и здравствените системи на работ на колапс.

Се вели дека седум од 10-те глобални земји кои најбрзо го удвојуваат бројот на заразени се во Азија и Пацификот.

Црвениот крст побара регионална поддршка со повеќе медицинска опрема, поддршка за превенција и итен пристап до вакцините.

Се додава дека кампањите за вакцинација во Азија се попречени од недостаток, двоумење и скапа логистика за достигнување на многу области.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This