March 29, 2024, 10:26 am

Ekcпeрт за мониторинг од ЕУ pacпали: Ce додeкa се држите до мaкeдонcката нapодна поговopка, Haведната глaвa caбја не ја ceче, виe нe живeeте тyкy пpeживyвaтe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експерт на ЕУ кој работи на проект кој врши мониторинг на работата на високи државни службеници ги испровоцира поддржувачите на власта откако го кажа својот крајно негативен личен став за актуелните состојбите во Македонија.

“Секој нов ден во Скопје ми буди сеќавања од 90′. Интелектуалците дома, простотилок ја води државата. Воени профитери, празни зборови, лоповлук, сиромаштија”, пишува Лука Андраши.

“Се додека се држите до македонската народна поговорка “Наведната глава сабја не ја сече”, вие не живеете туку преживувате.

Не може ставот “Секаде е исто”, да биде утеха за вашата ситуација. Не е секаде исто, Словенија е 30 години пред Хрватска и Унгарија, потоа има разлика од 10 години па доаѓа Србија. Бугарите паднаа последниве три години. За да ја промените состојбата мора да го промените светогледот”, пишува европскиот експерт кој испровоцира жестоки реакции од поддржувачите на власта кои го напаѓаат за неговиот искрен јавен став.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This