Eкpaн со cтaпкa на ocвeжyвaњe од 120Hz: Samsung Galaxy S11 мoжe дa дoјдe со нoвa oпциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со оглед на тоа што претставувањето на Galaxy S11 серијата е прилично блиску, веќе се почесто можеме да прочитаме неофицијални информации за тоа што би можеле и да очекуваме од оваа серија.

Познатиот Ice Universe објави слика од која се гледа нова опција во сетирањата на One UI 2, оперативниот систем од Samsung од кој втората верзија е уште во бета, која овозможува менување на стапката на освежување на екранот.

Тоа значи дека Samsung во некој од наредните модели планира да вклучи екран со поголема стапка на освежување од стандардната, односно како што се гледа на сликата до 120Hz.

Доколку ова биде случајот со S11 серијата, тоа дефинитивно ќе придонесе кон подобра популарност.

Сега за сега ваквите уреди се ретки, а Google во Pixel 4 воведе можност за прилагодлива стапка на освежување до 90Hz.

Предноста на ваквите екрани, кои сепак тpoшaт повеќе eнepгиja, е што овозможуваат многу повеќе мазна слика која е попријатна за очите, но исто така го прави и самото користење на уредот подобро.

Тоа што најверојатно Samsung ќе го овозможи, покрај изборот помеѓу 60 и 120Hz, е да уредот сам ја прилагодува стапката на освежување, зависно од тоа дали има потреба од поголема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This