Falššpiler (Измамник)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во кампањата Зоран Заев и СДСМ му сугерираа на народот “Спореди. Направи разлика. Одлучи“. Тоа и се случи – народот направи споредба, ја увиде разликата и одлучи. И види беља сега: Народот ем ги послуша, ем не чини. Море сега и зло е.

Откако на 17 октомври вечерта после дознавањето на резултатите од гласањето во првиот круг од Локалните избори 2021 Зоран Заев дозна сé за својата ужасна политичка судбина што го чека, прави се, ама буквално сé, за да ја избегне. Сепак нема да ја избегне. Зошто? Затоа што казната пропишана за таков обид е најсурова што може да постои и да биде: казната се состои во самата судбина, а судбината во самата казна (судбината на Едип).

Има ли посовршена равенка за судбината? Јок! Ама така не мисли и Заев. Како прво, тој не мисли – рациото му е некаде на одмор и во зимски сон. И ете ти беља: Секој што не е со него, за него веќе не е само против него, туку е и нешто многу пострашно – зло. А “злото“ за кој тој зборува се околу 300 000 граѓани на Македонија кои не гласале за “Најдоброто за вашата општина“. А хајката и харангата за понижување, дури и “за отстрел“ на Данела Арсовска, е најдегутантно и најморбидно нешто што се случило во тек на изборна кампања во Македонија кон една дама(луѓе на кои им фали сива материја во мозокот, зборуваат за “коморска пуфла“, “и фали буква во името“, “бугарска и унгарска инсталација“, “резервна татковина“, а богами се закануваат и со шлаканици, шамари и боксови). Простотилак и немоќ. Која параноја. Каква шизофренија. Најново политичко евангелие според Заев. Ама ич пари, не ги бива. цела една националшовинистичка, примитивна и сексистичка буламента, победена од ДАМА.

И што уште да се каже за овие политички кербери, колумнистички питбули и новинарски нарикачи. како да го сфатиме нивното срамно дејствување и бедно-мизерно однесување?!

Тоа веќе не е етикетирање.Тоа е сатанизирање ала Заев, мејд бај Тричковски и режија со потпис Гебелс-Забрчанската продукција. Нешто слично на тоа кога Ѓаволот на различни начини се натпреварувал со вистината и ѝ се спротивставувал. Целта му била да ја уништи вистината бранејќи ја. Човек не зане за што станува збор – за луѓе или ѕверови. Ете таков голем борец е Зоран Заев (“Јас сум борец, голем борец“), а богами и неговата новинарско-колумнистичка орда.

Срамно, бедно и жално.

Епа после државна стратегија купи-ден-помини, практикувана повеќе од 4 години, по Заев доаѓа сатаната. Доаѓа да си ги наплати сметките. До поразот во првиот круг на Локални избори 2021, програма му беше глупоста. Направи секој ден нова глупост и натерај (присили) ги луѓето да аплаудираат. Инаугурирање на глупоста како принцип на политиката на највисок пиедестал. Сега, помеѓу првиот и вториот изборен круг, оди на едно ниво повисоко. Програма, и тоа “победничка“ програма, му е злото (“Не смееме да дозволиме злото да се врати и да победи“, “Ако гласате за нив, ќе се врати 2001-ва“). Заев сопствениот народ си го плаши со лагата и измамата дека злото е пред врати. Злото чука на нашите порти. Господ да те чува и да те брани. Каква хумана порака, каков објективен и сериозен медиум. Тотална аномија. На дух, на интелигенција, на рацио, на личност и на морал. Грдото се нуди како убаво, а вистината е Пиранделовски релативизирана и се прима како театрализација на лагата и лицемерието (“Човек, ѕвер, доблест“, Луиџи Пирандело). Тартулијанштина со муртински шмек – да се верува дека е апсурдно. Да се верува во нешто што не може да се разбере. Бесмислено.

Е ова е преод од ниво салто морале, во ниво салто мортале на духот. Победа по секоја цена. Победа како резултат на будење на Неандерталецот во себе и кај Поданикот. Ступидизирана политика која оди повисоко и подалеку, при што неминовно станува фашизоидна. Заев вака се заканува најверојатно поради изместениот хемиски статус на својот хипоталамус, и тоа од моментот кога за зло ги прогласи сите што не гласале за неговите “најдобри“ кандидати за градоначалници и “најдобри“ листи на кандидати за членови во советите на општините и градот Скопје. Инаку, колку да се знае, како лимбична системска структура, хипоталамусот, исто така, влијае и на различни емоционални реакции.

Кутриот Заев. Не ја сфатил филозофијата на Хераклит дека патот нагоре (кон политичкиот престол) и патот надолу (кон политичка пензија) е еден ист пат. Затоа и нема можност за илузија: ќе го пропагира злото (исто како што Сизиф го тркала каменот) додека сонцето не се излади. Во таква незавидна состојба не му помагаат ниту измислени приказни, кои милува да ги прераскажува до бесвест, ниту големи идеи како “нова политика“, а најмалку пак ќе му помогнат изјавите од типот дека тој и СДСМ се први во промените. Напротив, токму тие, промените, и му пресудија – го прегазија.

Пишува: Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This