FERRARI СО МОДЕЛ ВО ЧЕСТ НА МИХАЕЛ ШУМАХЕР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од петте специјални модели, со кои Ferrari ќе го одбележи 70-тиот роденден, ќе го носи името на 7- кратниот светски шампион во F1, Михаел Шумахер.

64351352_72294493[1]

Информацијата се појави во неколку италијански медиуми и во Auto Bild, но уште не е официјално потврдена од Скудерија.

Компанијата планира 350 „специјални автомобили“ – по 70 од секој од петте модели, кои се во производство во моментов. Засега се знае, исто така, дека еден од моделите ќе биде именуван по холивудскиот актер Стив Меквин.

Михаел Шумахер е најуспешниот пилот во F1 во историјата на Ferrari со пет последователни титули помеѓу 2000 и 2004, а овој период е и најуспешниот воопшто во натпреварувачката историја на Скудерија. Михаел настрада тешко при паѓање на скијање кон крајот на 2013 година и се уште се опоравува во својот дом во Швајцарија.по неколку мозочни операции и практично нема информации за неговата состојба. Во негова чест ќе биде именувана специјалната верзија на 488 GTB, односно автомобилот ќе го добие додатокот The Schumacher.

Ferrari влегува меѓу автомобилските производители во 1947 година, по успешните настапи на тркачките патеки, па тоа се смета за почеток на производството на автомобили. Тогаш се појавува Ferrari 125 – првиот автомобил со амблемот на Ferrari. Инаку, Енцо Ферари и неговиот тим ги составуваат првите автомобили во 1940 година, но тогаш тие се уште не го носеле името на „Ил Комендаторе“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This