“Finance Think”: Ceтoт мepки нa Bлaдaтa бeшe минимaлeн, мepкитe нe caмo штo нe ycпeaa дa гo пoдигнaт ceнтимeнтoт нa пaзapoт, тyкy гo пpoдoлжиja нeгoвиoт пaд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според Институтот за економско истражување и политики “Finance think”, кој ги анализира движењата на приносите на компаниите кои котираат на Македонската Берза околу објавите на четирите пакета економски мерки за справување со Ковид кризата, а со цел да се утврди како пазарот ги оцени мерките на Владата, сетот мерки на Владата беше минимален.

Мерките не само што не успеаа да го подигнат сентиментот на пазарот, туку го продолжија неговиот пад. Ниту банкарскиот сектор не беше имун на ударот од пандемијата покрај смирувачките пораки од Народната Банка за стабилноста на финансискиот систем.

Анализата покажува дека пазарот негативно го оцени првиот пакет мерки. Според движењата на приносите околу првиот пакет мерки, може да се заклучи дека објавениот прв пакет мерки “Finance Think” го оцени како недоволен да создаде доверба кај инвеститорите за ублажување на економските загуби, посебно кај небанкарските ентитети. Но, пазарот пооптимистички реагираше на вториот, докажувајќи дека формата и големината на мерките беше соодветна за поттикнување на економијата. Инвеститорите беа резервирани по објавите на третиот и четвртиот пакет мерки, веројатно затоа што веќе ја имаа вградено информацијата за ниската реализација на мерките од претходните два пакета.
Инаку, агрегатната проценета вредност на сите четири пакети изнесува приближно 1 милијарда евра, од кои приближно 200 милиони евра се реализирани во досегашниот период.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This