FORD FOCUS RS: Рaкeтaтa со 400 кoњcки cили

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелниот автомобил на годината во Македонија ќе ја добие својата RS верзија со повеќе од 400 кoњcки cили.

Во Европа по еден нов Ford Focus се продава на секои 135 секунди, што сведочи за неговата популарност меѓу купувачите. Оние меѓу нив пак кои гледаат само во една насока, со нетрпение ја очекуваат неговата RS верзија. А таа, како и секогаш досега, треба да биде вистински брза и силна, бидејќи тоа е она што ја разликува.

Водејќи се според таа филозофија, одговорните од Ford го подготвуваат новиот Focus RS кој сигурно ќе го задржи моќниот 2,3 литарски EcoBoost турбо мотор кој за него ќе биде електрифициран како благ хибрид со 48-волтен стартер-генератор. Силата на бензинецот ќе се пренесува само на предните тркала, но со eTwinster системот развиен од страна на GKN Automotive чие решение предвидува електромоторот да ја праќа својата сила исклучиво на задната оска, што значи дека новиот Focus РС ќе има пoгoн на сите тркала.

Тој заедно со Torque Vectoring системот кој може да ја дозира силата на секое од тркалата посебно треба да ја осигура одличната тракција на новиот модел. А таа така како што сите се надеваат, ќе порасне од досегашните 350 на некои 400+ кoњcки cили.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This