GOOGLE ГИ ОБЈАВИ ИНФОРМАЦИИТЕ: За Facebook, Instagram е „фабрика за пари“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инстаграм оствари околу 20 милијарди американски долари приходи од рекламирање во текот на 2019 година, што е за 5 милијарди американски долари повеќе од заработката на YouTube.

Оваа недела, Google ги сподели со јавноста информациите што ги чекавме со години – за приходите што тие ги генерираат од рекламирање на YouTube.

Бројката не е мала, 15 милијарди долари што ги заработи YouTube минатата година е околу десет проценти од вкупните приходи на Google.

Сепак, Гугл треба да сподели дел од таа заработка со креаторите на видеата, и колку останале по сите трошоци, или колку профит има најпопуларната видео услуга во светот во 2019 година, е непознато.

Само еден ден откако дознавме за заработката на YouTube од рекламирање, дознаваме и колку пари заработува Фејсбук од Инстаграм.

Ова не се официјални информации од компанијата на Цукерберг, туку новинарите на Блумберг ги пронајдоа тие информации. Според нив, Инстаграм е многу подобар од Јутуб, а во 2019 година тие учествувале со повеќе од една четвртина од вкупните приходи на Фејсбук.

Рекламите се одвиваат на Инстаграм помеѓу „приказните“, меѓу постовите на „фидот“ и на „експлор табот“, при што приходите од рекламирање на таа социјална мрежа лани достигнаа дури 20 милијарди долари.

Настрана што заработуваат повеќе пари од YouTube, треба да се напомене дека Инстаграм не ги плаќа своите креатори, како што тоа го прават видео сервисите на Google.

Поточно, инфлуенсерите на таа мрежа заработуваат пари од спонзорства наместо да ги споделуваат своите заработки од рекламирање со Instagram.

Како што е наведено од „The Verge“, Инстаграм финансиски им помага на одредени креатори на видео клипови на видео услугите на ИГТВ, но тоа е мал број, првенствено наменети за набавка на опрема и поддршка за снимање, наместо споделување на профит од рекламирање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This