Hевepојатни cведоштва од луѓе на кои овој cвeтeц им помогнал: Се верува дека маcлото од kандилото е леkовито

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова се неверојатните чуда на Свети Нектариј: Исповедта на овие луѓе на кои светецот им помогнал или ги излекувал, ќе ве остави без здив

Свети Нектариј Егински бил монах во манастирот Егина покрај Атина.

Живеел кон средината на 19.век, а починал во 1920 година. Му се молат особено болните од канцер, рак и малигни заболувања.
Се верува дека маслото од кандилото на Свети Нектариј кое се наоѓа над неговите мошти, е исцелително. Постојат бројни сведоштва и исповеди на жени кои потврдуваат дека молитвата кон овој светец помага при неплодност.

МИЛИЦА
Дека навистина молитвите помагаат, доказ е младата мајка Вања Џериќ од Белград, која тврди дека молитвите и помогнале да остане бремена и на свет да донесе едно девојче. Таа не го заборавила Светиот Нектариј кому му се молела, а ниту свештеникот кој ја посоветувал да му се моли на овој светец. Му напишала писмо:

-Почитуван отец Ненаде, се роди Милица, измолена од Свети Нектарије. Минатата година ми испративте три молитви за пород, масло, икона на Свети Нектариј и бројаница. Му благодарам на Бога, еве ми ја Милица. Се молев како што ми кажавте и го користев осветеното масло. Се венчавме во црква. Пред молитвите на Светиот Нектариј, додека не дознав за него, не можев да ја доносам бременоста и имав спонтани. Преку вас дознав за молитвите на Свети Нектариј.

Штом започнав да се молам и да го користам осветеното масло, сè тргна како што треба. Милица се роди на 21.08.2017 година. Сега има нешто повеќе од 5 седмици. Би сакала да испратам кандило во Егина за Божја слава о благодарност на прекрасниот светец. Ве молам, споменета ја Милица (сeè уште не е крстена), Вања, Љубинка и Ивана пред светите мошти во манастирот каде што служите. Простете и Ви благодарам! Благодарна мајка од Вања Џериќ Белград. Крстовден, 27.9.2017 господова година – напишала Вања.

ИВАНА СТЕВАНОВИК ЧЕКА БЛИЗНАЦИ
После две години обидувања да забремени, Ивана Стевановиќ од Белгија, со помош на молитвите на Свети Нектариј, ја остварила својата најголема желба, останала бремена.

-Сопругот и јас две години се боревме за бебе. Прво природно, а потоа помош побаравме на лекар. Да нагласам, јас тогаш имав 37 години, што не беше препорака за бременост, ако се земе во предвид дека жените природно забренуваат и во 40. Цела година одев на разни анализи, сè проверија и ден денес не знам во што беше мојот проблем, бидејќи ниту тие не знаеја. Не знам ни сама колку пати ми зедоа крв за анализи. Колку чекања и плачење поминав – раскажува Ивана.

Таа за Свети Нектариј дознала преку Фејсбук профилот на протојереј-ставрофор Ненад Андриќ, па ја порачала иконата, светото масло и книгата.

-Книгата ја прочитав за неполни два дена, го голтав секов збор. Добив и молитви за пораѓај и една која мене и на мојот сопруг ни ја прочита нашиот свештеник.

Откога ја прочитав книгата, не престанав да мислам и планирам како да го посетам манастирот Егина. Секоја вечер му се молев на Свети нектариј да ми го отвори патот и да ми дозволи да го посетам манастирот и да се поклонам на Светите мошти – напишала жената.

Летото 2016 година Ивана и нејзиниот сопруг ја посетиле Егина и преноќиле во манастирот.

Ја побарав монахињата Филотеја, бидејќи сакав повеќе да дознаам за Свети нектариј, а и да го посетам секое место во кое тој поминувал додека бил жив на земјата.

И објаснив дека сакам да забременам и дека борбата за тоа трае веќе долго време, а докторите не можа да ми помогнат.

Не можам да го опишам со зборови…Тоа е посебно чувство, неописно, кога влегов во собата во која спиел Светецот и на наговор на монахињата, легнав на Неговиот кревет.

Не знам ни како, ни поради што, но почнаа сами солзите да течат, не можев да престанав да плачам, а не можев исто така, ниту тоа да го објаснам. Почувствував силна поврзаност со Светецот, како да ме прегрнува и да ми вели дека не треба да се грижам, дека сè ќе биде во ред – се присетува жената.

Долго го гушкала мермерот и се обидувала да стане, ама како што вели, нешто не и давало.

-Во еден момент од гробот слушнав тропање со стап, се исплашив и погледнав некој да не чука тука покрај мене, ни никој немаше, бев целосно сама.

Бев предупредена дека Свети нектариј на некој начин може да се јави од гробот, како што ми кажа мајка Филотеја, некој слуша чукање на срце, некој слуша чекори, некој чукање со стап… ете, јас слушнав стап. Ми дојде да викнам од среќа. Посакав светецот да е тука покрај мене, како човек, и да го гушнам со сета сила како што никогаш досега никој не сум го гушнала.

Почувствував многу силна поврзаност, тоа не можам да го опишам…ми даде невидем мир, се чувствував заштитено – раскажува искрено жената.

Монахињата Филотеја на Ивана и донела упатство што треба да прави, купила цуцла и ја закачила во оној дел од Црквата каде секој закачува она за што му треба помош, некој симбол. Се поздравила со Филотеја и заминала.

-Откако се вратив дома, не направив веднаш како што ме посоветува мајка Филотеја, бидејќи веќе имав закажани повторни третмани на лекар, па чекав тоа да го завршам. И еден ден одлучив дека повеќе нема тоа да го правам, доста ми е од лекови и хормонални инјекции, после кои ми е хаос во телото и се чувствувам лошо.

Му реков на сопругот дека пред да се обидеме со уште едно вештачко оплодување, сакам да го пробам она што го добив од мајка Филотеја. Постевме три дена, а јас четири како што бев благословена.

Секое утро и навечер го читав акатистот на Свети Нектариј и го мачкав стомакот, крстообразно, со светото масло од Егина, и плус ги читав молитвите на Свети Нектариј за забременување.

Се случи следното, а ќе го памтам додека сум жива и ќе им го раскажувам на сите. Некој си мисли дека сум луда, ама вистинските верници знаат.

Вештачкото оплодување беше закажано на 15 фебруари, а тој датум беше Сретение Господово. Ја спостев неколку денови пред тоа по благослов. Бев сигурна дека овојпат ќе успее, бидејќи цврсто верував дека Свети Нектариј ќе ми помогне.

На денот 15 февруари некаде околу 9:30 часот, додека седев и чекав дома да ми јават докторите во колку часот да бидам во клиниката, слушнав звук како труба од небото. И после тоа се случи чудо, јас затруднев! Чекам близнаци. Тоа е љубов Божја. И уште нешто, терминот ми е околу 6 ноември, но докторот вели дека се близнаци, па кога се близнаци терминот е три седмици порано. Погледнав во календарот и видов дека тоа е 14 октомври, денот кога е роден Свети нектариј, по стар календар, а по нов, Покров на Пресвета Богородица.

ТАРА
Имено, Лилјана Бабиќ од Бањалука му се заблагодарува на свештеникот Ненад Андриќ, бидејќи ја споменал во молитвите на Свети Нектариј, и таа после четири години лекување на стерилитет, останала бремена. Напишала и дека молитвите и помогнале за само два месеци да остане бремена. Лилјана родила здраво девојче, Тара.

ДУЊА
Катарина Вуковиќ е сведок дека чудата се возможни . После бројни неуспешни обиди да забремени, таа останала бремена и ја родила ќерката Дуња, и тоа благодарение на иконата на Свети нектариј и осветеното масло.

Драг отецу Ненад, благодарение на Свети Нектариј, среќно ја одгледувам ќерка ми Дуња. Првата бременост ја изгубив во шестиот месец. Не паднав во депресија, ниту го обвинував Бога за тоа. Продолжив да се молам со целото мое битие и уште повеќе да верувам во Господ. Со молитвите пред Неговата икона и светото масло, за два месеци повторно останав бремена. Ја родив Дуња која наскоро ќе полни една година. Среќна мајка, благодарна на Бог и на Свети Нектариј, Катарина Вуковиќ од Аранѓеловац.

ЛУКА

Благодарение на молитвите на овој светец, Маријана Ранковиќ од Ваљево, на овој свет го донесе малиот Лука.

Свети Нектариј ги услиша моите молитви и оваа радост ја споделувам со вас. Имено, ноември 2015 година, ја порачав иконата на Свети Нектариј, преку отецот Ненад. Се молев и се мачкав со светото масло и пиев по неколку капки наутро – раскажува маријана, која четири години боледувала од ендометриоза на јајници, поради што не можела да забремени.

Долго бев болна и имав две операции. Лекарите ми рекоа дека со мојата телесна тежина и ендометриоза, не можам да забременам.

Поради силни болки секој месец одев со итна помош во Ваљево. Кон средината на ноември 2015 година, по повеќе анализи, прегледи, примања на инјекции, видов дека ништо не ми помага во мојот случај, а и лекарите сами ми рекоа, дека не можам да забременам. Па така, дигнав раце од докторите, и ја порачав иконата на Свети нектариј и осветеносо масло – раскажува жената.

После само два месеци таа забременила.

Сопругот и јас бевме пресреќни. Му благодарам на Бог и на Свети нектариј, еве го нашиот Лука се роди, жив и здрав!

МИЛИЦА ЗАСТАНА НА НОЗЕ
На многумина им помогнала молитвата пред иконата на Свети Нектариј и тоа што се мачкаат со светото масло од неговото кандило.

Милица (17) од Ваљево која боледувала од мултиплекс склероза, а после молитвите проодела, е уште еден доказ за чудотворството на иконата и молитвата.

Јован Милинковиќ, таткото на Милица е сведок на делотворноста на молитвата:

-Сакам да ја посведочам славата кон овој светец. Сликата на моето дете која отец Ненад ја положи на неговите свети мошти, моето молитвено писмо и светата икона и маслото кое отец Ненад ми го донесе од Егина, направија мојата ќерка Милица да стане од инвалидската количка и да почне самостојно да оди – раскажува пресреќниот татко. Вечно ќе му благодарам на Бога кој го прославил Свети Нектариј и ни го дарил нам грешните да нè лекува и спасува- заклучил Јован.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This