„Hинџa-тaктики“ на Рускоска: Пpизнa ли Вилма пopaз со пpoмената на обвинeниeто после 2,5 години од почетокот на случajoт?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По 2,5 години откако го започна процесот за т.н. организатори на 27-ми април, непосредно пред изрекување на пресудата, Вилма Рускоска направи пормени во содржината и суштината на обвинението, иако се уште опстанува на тврдењето дека имало Терористичко загрозување на уставниот поредок.

Рускоска најголемите промени ги прави во делот во кој ги обвинува Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, односно оттргнува голем дел од нештата за кои ги товареше досега, но придодава нови дејствија и нови толкувања на некои од нејзините материјали понудени како доказ пред судот.

Па така, доколку досега ги гонеше дека организирале превоз и ги координирале организаторите на протестите и комитетите на ВМРО-ДПМНЕ да доаѓаат пред Собранието, откако овие тврдења беа побиени од десетици сведоци и материјални докази и вештачења, Рускоска решава овој дел го брише од „новиот обвинителен акт“ односно „техничкото допрецизирање/дообјаснување“ на обвинителниот акт, кое го стори, скандалозно, пред самите завршни зборови, на крајот на судењето.

Па така, сега Рускоска тврди само дека Ристовски и Јанакиески „ги организирале протестите“ и истите имале за цел „по секоја цена да го спречат изборот на Талат Џафери“.

Досега Рускоска тврдеше дека Ристовски и Јанакиески „по телефон праќале насоки до претседателите на Општинските комитети за да има масовност на протестите“. Откако и ова беше побиено со помош на бојни сведоци и докази, сега се премислува и вели дека двајцата „СЕ ГРИЖЕЛЕ за тоа во кој град во колку часот да започне протестот“.

Во старата верзија на обвинението Рускоска тврди дека „по телефон претседателите на општинските комитети испраќале пораки до месните комитети“, но откако и ова беше негирано, односно се докажа дека нема такви пораки и дека и ова е лага, таа сега напишала дека „во општинските комитети се договарала маршрутата на протестите секој ден“ – иако цела држава, освен Рускоска веројатно, знае дека протестите имаа ИСТА маршрута секој ден, во секој град, односно не би имало никаква потреба никој да договара маршрути секој ден – но и овој нов став на Рускока како да произлегува од папката „Напиши нешто колку да се напише нешто“.

Еден од најеклатантните показатели за промашеното обвинение на Рускоска е и фактот што во претходната верзија тврди дека на 8-миот кат во ВМРО-ДПМНЕ Ристовски и Јанакиески го мобилизирале членството од Скопје и други градови да тргнат кон Скопје и го организирале нивниот превоз до Скопје.

Иако целата јавност многу добро знае дека на 27-ми април немаше ниту организиран ниту неорганизиран превод од други градови во Скопје, дотолку повеќе што немаше голема масовност и од самото Скопје, сепак обвинетите пред судот мораа да докажат дека Рускоска лаже и за ова, па со дузина сведоштва и материјални докази потврдија дека и ова тврдење на Рускоска е неточно и лажно.

Па затоа во „новата верзија“ Рускоска веќе не го тврди ова, туку вели дека Јанакиески му давал насоки на Крсто Мукоски „да застане пред тој што чита, за да се оневозможи изборот на Џафери“ (што не се случило), како и дека и Јанакиески и Ристовски од салата на 8-ми кат (спомената само во верзиите на Нинџа за случувањата на настаните), двајцата давале насоки НА ПРАТЕНИЦИТЕ (досега Рускоска тврдеше дека давале насоки на општинските комитети, и ова е ново) со пораки: „Појачајте од секаде максимум“ и „Качете се во прес салата каде е Заев“.

Ниту пратениците се качиле во салата каде е Заев, ниту пак имале што и како „да појачаат до максимум“ – освен ако Рускоска шеговито не мисли дека била пратена порака да се појача до максимум скандирањето во Собранието во моментите на избор на Џафери.

Да не заборавиме дека таа со ваков опис на дејствија тврди дека се случил тероризам, т.е. терористичко загрозување на Уставниот поредок.

Било какви промени на обвинителен акт пред носење пресуда би биле скандалозни, но вакви суштински промени за обвинети во случајот за т.н. организирање на настаните на 27-ми април се истовремено и доказ дека 2,5 години ги привораа и судеа луѓето со погрешно обвинение, како и дека со ова Рускоска како да признава пораз за промашеното обвинение и побиените лажни тврдења во истото, но „мора нешто да напише“ бидејќи доколку признае дека погрешила тоа ќе значи крај на нејзината кариера.

А нејзината кариера, за неа, е очигледно поважна од судбините на луѓе кои ги обвинува со погрешни, неточни и лажни обвиненија. Иако, таа кариера ближи кон својот крај со тоа што ако досега силно го протежираше нејзиниот омилен сведок Нинџа кој дава различни верзии за настаните од 27-ми април, сега започна и да ги копира неговите тактики – па и таа започна да дава различни верзии за случувањата на 27-ми април.

Каков ироничен крај на овој процес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This