HИШТО ОД ДАТУМОТ: Не е поcтигнат kонсензус за почеток на пристапните преговори на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Завчера и вчера се одржаа два состаноци на COREPER (тело на постојаните претставници на земјите членки во ЕУ) каде е дискутирано и прашањето за носење на одлука за почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија. Но, засега не е постигнат консензус на оваа тема. Германија, заедно со десетина други членки, меѓу кои и Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска и други, предлага:

– одлуката за Македонија и Албанија да биде донесена овој октомври, со тоа што меѓувладината конференција со Македонија, што е и званичен почеток на преговорите, би се одржала не покасно од март 2020 година

– почетокот на преговорите со Албанија би се одобрил, но без конкретен датум за одржувањето на меѓувладината конференција

-Франција, поддржана од уште 3 земји членки, смета дека реформите во Албанија и Македонија не се доволни и предлага

– одлуката за евентуални преговори да се донесе во март-април 2020, а меѓувладините конференции да почнат откако и двете земји ќе исполнат дополнителни реформски услови, пишува пратеникот Антонио Милошоски на својот ФБ профил.

МАКЕДОНИЈА И ДАТУМОТЗавчера и вчера се одржаа два состаноци на COREPER (тело на постојаните претставници на земјите…

Posted by Antonio Miloshoski on Friday, October 11, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This