Hиштo нeмa дa нè cпacи: Aнaлизa нa HACA зa мoжeн yдap нa acтepoид нa Зeмjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американски и европски научници тврдат дека дури и атомска бомба не би можела да запре огромен астероид доколку се наоѓа во орбитата на Земјата.

Во симулирана вежба учествувале и експерти на НАСА, а целта била да се запре катастрофата која ќе го снајде Стариот континент.

Во текот на четири дена (26-29 април), астрономите користеле радарски системи и друга технологија, вклучувајќи го и најголемиот телескоп во светот.

Вежбата наречена „Space Mission Options for the Hypothetical Asteroid Impact Scenario“ опфати „откривање“ на разорен метеор (4 април), кој би ја погодил Земјата за седум месеци (20 октомври).

Научниците утврдиле дека споменатиот период не е доволен за испраќање ракета во вселената, како во филмскиот хит „Армагедон“, и запирање на заканата.

Според замисленото сценарио, астероидот би погодил област која ги вклучува Чешка, Германија, Австрија, Словенија и Хрватска.

Беше заклучено дека светот мора повеќе да инвестира во системи за следење и откривање на астероиди, затоа што тогаш ќе имаме многу повеќе време да се подготвиме и да го спречиме најлошото.

Извор: denar.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This