Haд 850 специjaлци го обeзбeдyвaa Byчиќ, paзyзнaвaчите пpoцениле дека има можнocт зa aтeнтaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 850 специјалци беа распоредени за да го заштитат претседателот на Србија, Александар Вучиќ, при откривањето на споменикот на Стефан Немања, изјави шефот на Управата за криминалистичка полиција, Богдан Пушиќ.

Тој во емисијата Хит твит на ТВ Пинк кажа дека безбедносните мерки биле зајакнати, бидејќи разузнавачките податоци укажале на можност за обид за атентат.

Коментирајќи го апсењето на криминалната група на Вељко Беливук (Веља Невоља), Пушиќ изјави дека за време на истрагата биле обезбедени валидни докази и дека оружјето било скриено во просториите што ги користеле навивачите на стадионот на Партизан.

Пушиќ оцени дека постои сомнеж дека криминалната група на Вељко Беливук е поврзана со лица од владата и нагласи дека се прават проверки на нивните врски со луѓето на власт.

– Не постои организирана криминална група што немала врски со луѓето на власт, па така и оваа. Заедно со проверка на сите нивни активности, се прават детални проверки на нивната поврзаност со владините претставници – кажа Пушиќ.

Тој посочи дека станува збор за многу добро организирана криминална група, можеби дури и подобра од Земунскиот клан и посочи дека се преземаат дополнителни детални проверки на нивната поврзаност со претставниците на државната власт.

– Тие интензивно работеа на расчистување на трагите и планирање на бегството. За да го спречиме тоа, ги уапсивме. Истовремено со лишувањето од слобода, се прави попис на имотот. Кога станува збор за автомобилите, тие се сметаат за предмет на кривично дело. Оваа група е осомничена за бројни убиства, трговија со дрога, изнуда – наведе Пушиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со случајот со криминалната група на Вељко Беливук, вчера изјави дека надлежните служби знаат кој бил мета на организираната криминална група.

– Да ве потсетам на периодот од 2000 до 2003 година, кога имавме секојдневни убиства, кога сите знаеја сè, па дозволија да ни биде убиен премиерот. Имавме проблем со откривањето на споменикот на Стефан Немања, затоа ангажиравме снајперисти – кажа Вучиќ.

Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, најви дека од денес продолжува истрагата за „финансиските работи“ на уапсениот Вељко Беливук и неговите соработници, како и проверката кој се од државните структури им помагал на криминалците.

– Државата одлучно ќе покаже дека знае како да се спротивстави на сите форми на криминал и да ги санкционира оние од редовите на државата, кои соработувале со тие криминалци (Вељко Беливук), помагале или им давале информации – изјави министерот за одбрана Небојша Стефановиќ по седницата на Советот за национална безбедност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This