October 25, 2021, 7:16 am

Haмaлeниoт ДДВ зa cтpyja cтaпи вo cилa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Законските измени за намалување на ДДВ-то на електричната енергија од 18 на 5 проценти стапи на сила.

Во Службен весник се објавени усвоените измени на Законот за ДДВ кои пратениците ги изгласаа во петокот. Ова значи дека граѓаните за потрошена електрична енергија отсега ќе плаќаат намален ДДВ на 5 проценти, одлука што ќе важи до 1 јули 2022 година. Од 1 јули наредната година, данокот за електрична енергија повторно ќе се врати на 18 отсто.

Сметките за јули што граѓаните ќе ги добијат на крајот на месецов, ќе бидат повисоки за 12,3 отсто. Струјата е поскапена за толку проценти, бидејќи ЕВН Хоум почна да ја тарифира од 1 јули годинава, додека повеќе од две недели се чекаше да дојдат на дневен ред законските измени во Собранието. Понискиот ДДВ ќе биде вкалкулиран во сметките за струја од август.

Владата, на предлог на Регулаторната комисија за енергетика, ги предложи овие законски измени за намалување на ДДВ-то за струја кон крајот на јуни, со цел да се амортизира ценовниот шок кај граѓаните од поскапувањето на електричната енергија за 12,36 отсто, на барање на енергетските компании, МЕПСО, НЕМО, ЕВН Хоум и Електродистрибуција. РКЕ има влијание, односно може да регулира околу 38 отсто од вкупно прикажаните трошоци на овие компании.

Latest News

Управниот cyд ја прифати жaлбaтa на АА и Алтернатива, ќе се прегласува во Дебар

-Управниот суд ја прифати жалбата на Алијанса за Албанците и Алтернатива за резултатите од гласањето по листите за кандидатите...

More Articles Like This