Haпaд врз еден е нaпaд врз сите: Чешка бара солидарност, сите европски членkи да иcтeраат по еден руски дипломат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поаѓајќи од принципот „напад врз една земја на Европската унија е напад врз сите“, премиерот на Чешката Република Андреј Бабиќ побара од другите членки на алијансата да протераат „барем еден“ руски дипломат во врска со инцидентот во Врбјетица.

„Ние секогаш мора да го разбираме на таков начин што кога една од земјите-членки на ЕУ е нападната, тоа е всушност напад врз сите. Затоа, ги замолив лидерите на другите земји на ЕУ да размислат да протераат барем еден руски дипломат. На следниот самит на ЕУ ќе видиме како тие ќе реагираат на тоа“, рече Бабиш.
Според него, вечерта на 7 мај, на маргините на самитот, се одржа многу долга дискусија за инцидентот во Врбјетица, при што, меѓу другите, зборуваа францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Бидејќи самитот во Порто е неформален, не е донесена писмена одлука. Како што рече Бабиш, на следниот самит на Европскиот совет кон крајот на мај се очекува поширока дискусија за односите меѓу ЕУ и Русија.

Антируските расположенија во Чешка се интензивираат во светло на обвинувањата на Прага дека руските разузнавачки служби учествувале во експлозија во складиште за муниција во Врбјетица во 2014 година и последователните одлуки за протерување на 18 руски дипломати од земјата. Вечерта истиот ден Русија ги објави своите реципрочни мерки – 20 вработени во амбасадата на Чешка беа прогласени за персона нон грата.

Руското Министерство за надворешни работи истакна дека изјавите за вмешаност во експлозија на руски разузнавачки служби се апсурдни, неосновани и измислени и дека зад протерувањето на руските дипломати од Прага стојат Соединетите држави, Чешката Република и другите европски земји кои прикривање на нивните внатрешни проблеми.

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This