April 16, 2024, 11:37 pm

Haд 35 илjaди гpaѓaни ce вakциниpaни вo Македонија, вкyпнo oкoлy 50 илjaди лицa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До вчера во земјава се вакцинирани 35 илјади граѓани, а ако се додаде бројката од близу 15 илјади лица кои вакцина примија во Србија се доаѓа до бројката од речиси 50 илјади граѓани кои примиле прва доза од вакцина против ковид-19. Бројките на нови позитивни случаи на заразната болест се во благо опаѓање.

Заклучно со вчерашниот ден околу 35.000 граѓани се вакцинирани во земјава. Од нив, околу 13.000 ја примиле вакцината на Астразенека, од која има уште 10.000 на располагање, нешто помалку од 3.000 има од руската Спутник и 1.000 од кинеските вакцини. По приоритетни групи, воо СЦ „Борис Трајковски” продолжи вакцинацијата  граѓани на 73 и 74 години со поредуцирани термини од претходните денови, бидејќи често доаѓаат со придружба.

Ако на бројките се додадат и граѓаните кои ја искористија можноста да добијат бесплатна вакцина во Србија, се доаѓа до бројката од вкупно блиуз 50.000 лица кои примиле прва доза од вакцина против ковид-19.

Како што е веќе соопштено од Министерството за здравство, на 19 и 26 април, како што беше завчера соопштено, се очекува во државава да стигнат по 10.000 вакцини Фајзер.

„Фајзеровите вакцини во понеделник со авион ќе бидат донесени во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје“, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Околу 28 април ќе дојдат и 200.000 кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи.

За вакцинацијата на неподвижните лица министерот рече дека таа ќе се врши теренски и во нивните домови.

На прашањето кога ќе се вакцинира тој и со која вакцина, министерот одговори дека нема преференции и дека сите се безбедни.

„Нека стигнат повеќе вакцини па ќе се вакцинирам и јас“, одговори Филипче.

Тој рече дека граѓаните ќе можат да испитуваат антитела на товар на Фондот, но ќе бидат потребни одредени критериуми и нема да може тоа да го прави секој.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од направени 3.616 тестирања, регистрирани 908 нови случаи со Ковид-19, оздравени се 732 пациенти, а починати се 31 лице.

Министерството за здравство оценува дека последнава недела има благ пад на бројките на новозаразени.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 145.909, бројот на оздравени пациенти е 121.439, на починати е 4.388. Вкупниот број активни случаи изнесува 20.082 од кои 9.056 се во Скопје.

На инфективните оддели во државава се лекуваат вкупно 1.708 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот од кои 704 во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This