April 20, 2024, 11:37 am

Haпадот на мојот син беше нарачан, тврди Сулејман Реџепи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сулејман Реџепи, поранешниот претседател на Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ), во изјава за Лајм тврди дека пукањето кон неговиот син е нарачано дело. Според негвата изјава Зеглул Реџепи, инспектор во МВР бил на должност во моментот кога беше нападнат вчера попладне во скопската населба Ѓорче Петров.

– Автомобилот од кој било пукано бил без регистарски ознаки. Син ми го забележал возилото кое го следело. Застанал сакајќи да праша зошто го следат. Но вo тој момент биле испукани три куршуми. Еден од испуканите куршуми се одбил од автомобилот и го повредил син ми во нога. За среќа се работи за мала повреда. Синот денес ја напушти болницата и се врати дома, вели Реџепи за Лајм.

Поранешниот прв човек на ИВЗ се надева дека случајот наскоро ќе биде расчистен и ќе се откријат мотивите за ваквиот напад.

– Немавме закани или нечисти сметки со никого. Не знаем која е позадината. Сторителот мора да ја искаже намерата откако ќе се уапси. Несомнено е дека станува збор за нарачано дело. Но сепак, случајот го оставивме во рацете на надлежните органи. Откако било пукано во син ми, напаѓачот автомобилот го оставил на улицата „Радушка“, а кај рампата во Сарај избегал со друг автомобил”, раскажува Реџепи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This