April 24, 2024, 12:27 am

Ha инфeктивнитe oддeли вo зeмјава ce лekyвaaт 658 пaциeнти co Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели низ земјава е 658 и има околу 415 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 254 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во ковид – центрите во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 404 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 34 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 52 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 59, во ковид центарот во Гостивар 7, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 31 пациент, во Кочани седум. во Кичево осум, Кавадарци 34, во Гевгелија девет лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This