Ha македонскиот дpжaвjaнин кoj y6и двe жени во Тирана мy ce зakaнyвa дoживoтeн зaтвop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На македонскиот државјанин Перпарим Адеми, кој на пладне на 31 декември смртно застрела две жени во Тирана, му се заканува казна доживотен затвор.

Основниот суд во Тирана веќе му изрече мерка притвор и покрај тврдењата на адвокатот дека неговиот клиент се покајал за делото и се наоѓа во сериозна здравствена и психолошка состојба.

Според истражните дејствија Адеми (59), испукал 26 куршуми од автоматска пушка, кинеско производство, ги изрешетал двете жени а дел од куршумите завршиле во ѕидовите во станот што се наоѓа на четврти кат од станбена зграда во населбата „Астир“ во Тирана.

Повод да го изврши делото, како што самиот изјавил по апсењето, била љубомората, откако една од жените, Жанета Метани, со која живеел во вонбрачна заедница одлучила да ја прекине истата.

– Ден пред трагичниот настан, на 30 декември имало жестока расправија меѓу Адеми од една и Метани и нејзината сестра Крстина Барди, од друга страна, бидејќи Адеми не сакал да ја прекине врската затоа што потрошил многу време и пари за Жанета, по што се заканиле дека ќе го пријават во полиција. Повторно се вратил истиот ден но тие не му ја отворале вратата, па следниот ден на пладне принудил дете кое го познавале сестрите, да тропне на вратата. Кога ја отвориле вратата се обиделе да го истуркаат, но тој успеал од торбата што ја носел да го извади оружјето и почнал да пука. Откако го испразнил шаржерот, го фрлил оружјето и се дал во бегство, стои во документот од истрагата.

Сведоци на крвавиот настан биле детето што тропнало на вратата, како и детето на Кристина, која како што самиот Адеми признал пред истражниот судија, претходно му била љубовница. Рекол дека детето е негово, но оти официјално не го признал.

Пред истражните органи изјава дала и сопругата на Адеми. Таа рекла дека знаела за неверството на сопругот, но за да го зачува семејството молчела, па дури и се дружела со двете сестри. Таа додала дека семејството Адеми и сестрите често меѓусебно се посетувале, па дури и патувале заедно.

Адеми според полицијата пред неколку години го сменил претходното презиме Тела, живеел и во Македонија и во Тирана а од пред неколку месеци само во Тирана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This