Ha Пaвлe cлaбо му оди мaтeмaтикaта или сонува за коалициja со BMPO-ДПMHE

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Имам надеж дека преговорите за владино мнозинство ќе имаат резултат ДУИ да отиде во опозиција и се уште стојам на ставот дека тоа е чекорот кој што е исправен за нашата држава“, изјави поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски за емисијата „Што не е јасно“.

„Факт е дека исходот на владината коалиција СДСМ-ДУИ во овој момент е најверојатен. Постизборното коалицирање е нужно зло за секој субјект кој што учествува на изборите, бидејќи во интерес на државата е да се соберат тие 61 пратеник, не е само во интерес на СДСМ, ДУИ или ВМРО-ДПМНЕ. Официјалната политика на ДУИ отсекогаш била дека реформите кои што имаат интегративна цел ќе ги поддржуваат. Единствен исклучок од ова е Законот за недискриминација, кои што поради религиски причини не го поддржуваат“, вели Богоевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This