October 24, 2021, 7:57 am

Hajпoзнaтитe cвeтски бpeндoви зa oблeкa ќe гo зaбpaнaт кpзнoтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Луксузниот моден конгломерат „Керинг“ објави дека ќе ја исфрли употребата на вистинско крзно од животни во сите свои компании до есента 2022 година. „Керинг“, инаку е сопственик на брендовите „Гучи“, „Ив Сан Лоран“, „Александар Меквин“ и „Баленсијага“.

-Дојде време. Светот се промени, заедно со нашите клиенти, па луксузот мора да се прилагоди на тоа. Кога станува збор за благосостојбата на животните, нашата група секогаш покажува подготвеност да ги подобри практиките во синџирот на снабдување и во луксузниот сектор воопшто, рече извршниот директор на „Керинг“, Франсоа-Анри Пино.

Во 2017 година, брендот „Гучи“ се обврза да го исфрли крзното од производството, нагласувајќи ја општествената одговорност како една од основните вредности на брендот.

Активисти на ПЕТА протестираа пред продавницата „Ив Сан Лоран“ во Париз на 10 март годинава, со цел да се запре употребата на крзно. (МИА)

Latest News

ГРОМ: Хakepcки нaпaди врз Фејсбук пpoфилoт нa Стевчо Јакимовски

Сакам да Ве известам дека во последниот период мојот профил на фејсбук каде што комуницирам со граѓаните е цел...

More Articles Like This