Hajгoлeмaтa зaплeнa досега нa дpoгa вo Цpнa Гopa: Зaплeнeти oкoлy 1,5 тони kokaин вo Подгорица – на пaкeтитe пишyвaлo „koвид“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За време на акцијата беше блокиран главниот булевар Подгорица и делот од градот околу Центар. Тоа е најголема заплена на дрога досега во Црна Гора.

Црногорската полиција синоќа откри и конфискува околу 1,5 тони кокаин во Подгорица.

Сѐ уште нема официјални информации, а медиумите јавуваат дека во акцијата се уапсени неколку лица.

Медиумите наведуваат дека кокаинот е пронајден во предградието на Подгорица, Зета, и дека пристигнал во Црна Гора преку пристаништето Бар.

Дневниот весник „Дан“ објави дека станува збор за 1.400 пакети дрога што содржат 1.600 килограми кокаин и дека на пакетите пишува „ковид“.

За време на акцијата беше блокиран главниот булевар во Подгорица и делот од градот околу Центар.

Тоа е најголема заплена на дрога досега во Црна Гора.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This