- Advertisement -
45-годишната Ф.Р. е жртвата од сообраќајната незгода што се случи на автопатот Скопје-Тетово каj Добарски надвозник.
Патничката, како што информираат од СВР-Тетово за Телма, изгубила контрола над своето возило марка „Тојота“ со странски регистарски таблици и се здобила со тешки телесни повреди, која по кратко време подлегнала на повредите и починала.
На лице место увид врши јавен обвинител и екипа на СВР-Тетово.